Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, и наредната сезона ќе ги брани боите на Гравелин во Франција.

Како што потврдија тамошните медиуми, двете страни се договориле за продолжување на соработката и за следната сезона. Војдан пристигна во овој клуб во текот на сезоната 2019/20 и задоволи со своите настапи.

Нашиот репрезентативец имаше просек од 12.7 поени на натпревари, со 48.1 отсто реализација на шутеви за три поени. Исто така оствари и просек од 3.3 скока и 2.5 асистенции, за 26 минути поминати во просек на терен.