Вооружен маж со украдено возило на Брзата помош влетал во група луѓе во Осло, има настрадани

91

Вооружен маж денеска грабнал возило за Брза помош во норвешката престолнина Осло и со него влетал во група луѓе, јави Тасс, повикувајќи се на медиумските извештаи, темелени на информации од полицијата.

Во инцидентот има неколку настрадани лица. Нивниот точен број како и нивната здравствена состојба засега остануваат нејасни.

Според извештаите, полицијата веќе го привела напаѓачот.

Други детали за инцидентот засега не се соопштуваат.