Вонредна прес-конференција на премиерот Ковачевски:Парно за скопјани ќе има

38

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на вонредна прес конференција најави субвенции на сметките за електрична енергија на граѓаните.

„80% ја субвенцираме сметката за електрична енергија за 650.000 граѓани“, порача Ковачевски.

Парно за скопјани ќе има, рече премиерот Ковачевски на прес конференцијата.

Во однос на електричната енергија за 85.000 потошувачи ќе има субвенционирана електрична енергија во износ од 80 проценти. Ќе се субвенциуонираат и сите училишта и здравствени установи со половолна цена за електричната енергија.

Премиерот порача и дека ја користи оваа пригодна, покрај одлуките донесени вечерва за справување со енергетската криза, да апелира до сите граѓани да продолжиме со мерките за штедење.

„Секој киловат час заштеден значи заштеда на нашиот буџет и повеќе пари за инвестиција во нови енергетски и инфраструктурни проекти кои ќе го ,го подобрат во иднина снабдувањето со електрична енергија и ќе го подобрат квалитетот на животот, порача тој.