Вонредна дезинфекција во автобусите ЈСП и на Жичарницата

45

ЈСП-Скопје започна со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичарницата.

– Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и десетпроцентен Дезинтал, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото, како ракодржачи и слично – информираат од ЈСП.

Јавниот превоз во Скопје секојдневно, во просек го користат меѓу 115 и 130 илјади граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата.

– Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, се до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот. Инаку, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај е подложно на дневна нега – потенцираат од ЈСП.

Извор: ЈСП