Фудбалерот на Манчестер Сити, Кајл Вокер го пропушти вчерашниот тренинг поради проблеми со грбот.
За состојбата на дефанзивецот зборуваше тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола.
- Беше загрижен за грбот. Вчера не се чувствуваше многу добро. Не сакавме да ризикуваме, ќе видиме што ќе се случи во наредните денови.
Самиот фудбалер е оптимист дека ќе биде подготвен до сабота.
- Добро сум. Само што стареам! Ми требаше само дополнителен ден да закрепнам, рече 33-годишниот Вокер.
Манчестер сити в сабота (10 јуни) во Истанбул ќе се соочи со Интер во финалето на Лигата на шампионите.