Поранешната светски тениски рекет број еден Данката Каролине Вознијацки го одигра последниот натпревар во кариерата. Ова следеше откако 29-годишната Данка загуби со 5:7, 6:3, 5:7 од Онс Жабур од Тунис во третото коло на Австралија опен.

Минатата година, Вознијацки објави дека првиот грен слем турнир годинава, кој го освои во 2018 година, ќе биде нејзиниот последен настап како професионален тенисер. По поразот, Каролин Возниацки седна на столот и почна да ги брише солзите при разделбата со тенисот.

– Мислам дека помина многу добро што завршив со грешка од форхенд во натпревар од три сета, рече на шега Данката.

Таа го направи своето деби во професионалниот тенис во 2007 година и оттогаш освои 30 титули, вклучувајќи го и Австралија опен во 2018 година. Таа беше рангирана на првото место на светската ранг-листа на 11 октомври 2010 година. За време на нејзината професионална кариера, Возниацки заработи над 34 милиони долари од наградни фондови.