Едно момче загина во судир меѓу навивачи на Мароко и Франција во Монпелје, објавија светските медиуми.

Во соопштението на локалната самоуправа се наведува дека момчето било „насилно удрено“ од автомобил во градот, по полуфиналниот натпревар од Светското првенство.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се забележи гужва на улица и автомобил кој избезумено се движи и гази се пред себе.

Момчето (13) било пренесено во болница, но набргу по пристигнувањето починало, се вели во соопштението.

Возилото кое го прегази детето било пронајдено во близина на местото на несреќата, а полицијата набрзо дошла на лице место за да изврши увид.