Вознемирувачка снимка од моментот кога рускиот историчар фрла делови од телото во река

231

Руските медиуми објавија снимки од надзорни камери на која се гледа како историчарот Олег Соколов (63), фрла делови од телото на Анастасија Јешченко (24) во реката во Санкт Петербург, откако ја убил во неговиот дом.

Се тврди дека угледниот историчар ја убил студентката со која бил во врска, а потоа и ги отсекол главата, рацете и нозете.

На снимката, наводно, во ледената вода во близина на неговиот дом фрла три пакувања, додека поминувал еден велосипедист. Надзорните камери на еден супермаркет, исто така, покажуваат дека тој купил леплива лента и други материјали пред да се упати за да се ослободи од телото.

Кога се вратил со останатите делови од телото, паднал во реката додека се обидувал да ги фрли рацете на жртвата. Носел униформа на Наполеон и наводно планирал да се самоубие затоа што претходно изјавил дека ќе умре облечен како Наполеон.

Кога пристигнала полицијата, тој бил извлечен од реката со хипотермија и кај себе имал ранец со рацете на жената. Потоа отишле во неговиот стан каде што нашле застрашувачка глетка – обезглавено тело на Анастасија Ешченко, со која професорот заедно потпишал бројни дела.

„Тој се изјасни за виновен“, рекол неговиот адвокат, Александар Почаев.

Соколов рекол дека девојката, со која живеел околу 5 години, го прободела со нож. Кога го извеле на суд, почнал да плаче.