Тимот на научници од лабораторијата на АМБИКО при УГД Штип, ја истражувал изложеноста на велосипедистите на аерозагадувањето во близина на сообраќајниците во Скопје.

Резултатите покажуваат дека персоналната изложеност на велосипедистот кој се движел во зони со интензивен сообраќај е повисока за околу 70 проценти кај ПМ-10 честичките и за 60 проценти кај ПМ-2,5 честичките, отколку кај велосипедистот кој возел на место каде што немало сообраќај.

Мерењата биле направени во периодот од 15 мај до 20 јуни годинава во Скопје.

Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии, а проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје.