Воздушести залчиња – појадок за 10 минути

238

Има ли некој што не сака уштипци. Овие вкусни залчиња се одлични во секоја варијанта, како солени, така и слатки. Можат да се комбинираат со кајмак, сирење, суво месо, но и со слатки џемови или чоколаден крем.

Овие уштипци од тесто се наједноставниот брз рецепт за појадок или за вечера. Се подготвуваат едноставно, а од една доза излегуваат прилично многу.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 200 гр брашно
  • половина пециво
  • сол
  • 150 мл јогурт
  • масло за пржење

Подготовка:

Изматете го јајцето со јогурт, посолете и додадете го брашното и прашокот за пециво. Убаво измешајте и смесата е подготвена.

Ставете поголема количина масло во подлабока тава за пржење и загрејте го убаво. Но, пред да почнете да ги пржите намалете го шпоретот, за да не почнат уштипците да ви горат, туку да се пржат на умерен огин. Ставајте од смесата со лажица во врелото масло и пржете ги кратко.

Вадете ги кога ќе заруменат со лажица-решетка и ставајте ги на кујнска хартија, за да го впие вишокот на масло.

Пријатен вкус и уживајте!