Воздушести американски палачинки- зошто да не ви стане омилен рецепт!

790

Доколку сте љубители на слатко, а сакате да пробате нешто поинакво, американските палачинки “pancakes” ќе ви станат омилениот рецепт, а домашните ќе бидат воодушевени. 

Одлични се за појадок, но секако најоригинални се како десерт, а комбинацијата на фил е неограничена – џем, крем, мед, слатки овошни сирупи, преливи, ореви, кокос, лешници… Што и да одберете вистински ќе уживате во вкусот.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче пециво
  • половина лажиче сода бикарбона
  • четвртина лажиче сол
  • 2 јајца
  • 250 мл млеко
  • 3 лажици масло за јадење

Подготовка:

Јајцата, млекото и маслото се матат со миксер, па се додаваат сувите состојки. Се продолжува со миксирањето, додека не добиете хомогена смеса, без грутчиња од брашното.

Смесата се остава да отстои 10 минути, а потоа палачинките се печат. Можете да ги печете во обична тава за палачинки, секако формирајќи кружни форми, или пак, доколку имате силиконски калап за американски палачинки.

Филувајте ги по вкус, и уживајте!