Возач со автомобил удрил во мечка

79

Дваесет и едногодишен возач со својот автомобил удрил во мечка на автопатот Тетово – Скопје. Од ударот, мечката била усмртена, а возачот се здобил со повреди.

– Пријавено е дека на автопатот Тетово – Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, Општина Василево, удрило и усмртило мечка. Во несреќата, возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош. На местото, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи – Тетово – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.