Дома МАКЕДОНИЈА Возачот на автобусот пуштен на домашно лекување

Возачот на автобусот пуштен на домашно лекување

69

49-годишник со иницијали М.Т. од Гостивар е возачот што вчера управувал со автобусот на „Дурмо турс“, кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте, при што загинаа 14 лица.

Како што соопштија денеска од Градската општа болница „8 Септември“ возачот имал телесни повреди, но се наоѓал во стабилна здравствена состојба по што е пуштен на домашно лекување, објави Фокус.

Од МВР вчера потврдија дека истражните органи извршиле разговор со него, но се уште не се познати причините за несреќата. Од јавното обвинителство велат дека увидот е во тек и дека со соопштение ќе излезат во текот на денот.

Инаку, 37 патници од автобусот биле примени со повреди во „8 Септември“, 8 биле примени на Скопските клиники, двајца во тетовската болница, а една патничка била хоспитализирана во стара градска болница.