Возачите на автобуси во Лондон најавија штрајк кога и вработените во метрото и железницата

23

Повеќе од 1.600 возачи на автобуси во Лондон ќе штрајкуваат во август (19 и 20-ти) поради спор околу платите, а нивниот штрајк ќе се совпадне со штрајкот на вработените во лондонското метро и железницата, јави ДПА.

Синдикатот рече дека штрајкот е резултат на тоа што компанијата понудила зголемување на платите за 3,6 отсто во 2022 година и 4,2 отсто следната година, што според нив е недоволно бидејќи тоа е реално намалување на платите поради зголемената стапка на инфлација.

Работниците се вработени во Лондон Јунајтед, подружница на француската компанија РАТП.

– Мајката-компанија RATP е неверојатно богата и може да си дозволи да им плати на нашите членови пристојно зголемување на платите, изјави генералниот секретар на Јунајтед, Шерон Греам.