Воената хунта поднесе нови кривични пријави против поранешната премиерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи

24

Воената хунта во Мјанмар поднела нови кривични пријави против поранешната демократски избрана премиерка, Аунг Сан Су Чи, која беше соборена од власта и уапсена со воениот удар на 1 февруари, соопшти денеска нејзиниот адвокат.

Вкупно шест постапки се покренати против поранешната премиерка, пет во главниот град Најпијдоу и една во Јангон, изјави нејзиниот адвокат за француските медиуми, по сослушувањето во судот во Најпијдоу, каде Аунг сан Су Чи се појави преку видео врска.

-Повторно е обвинета според членот 25 од законот за управување со природни непогоди, додаде адвокатот.

Веднаш по соборувањето, таа беше обвинета за нелегален увоз на токи-воки, а во средината на февруари беше обвинета за кршење на законот за управување со природни катастрофи.

Воените власти на 25 март покренаа нова постапка против соборената 75-годишна лидерка, обвинувајќи ја за кршење на законот за државни тајни, а исто така, е обвинета и за поттикнување на јавни немири.

Оваа добитничка на Нобеловата награда за мир во 1991 година, беше уапсена на 1 февруари кога беше извршен воениот удар и оттогаш престојува на тајно место во нејзината резиденција во Најпијдоу.

Извор: МИА