Водичи за еколошка едукација на децата

97

Со цел да се помогне и подобри еколошкото образование и природонауката, О2 Иницијатива реши да го создаде и објави сетот Водичи на природата – триплет на мали водичи преку кои учениците од одделенска настава ќе се запознаат со животот во шумата, барите и езерата и низ градското зеленило.

-Сетот на водичи во издание на издавачката куќа „Чудна Шума“, под авторство на Кирил Арсовски Пржо, издадено за целите на О2 Иницијатива – го води читателот низ мало патување на екосистемите во кое се запознава со живиот свет, животот на растенија и животните, но и начините на кои човекот им влијае и упатства за тоа како можеме да им помогнеме – информираат од О2 Иницијатива.

Овој сет на водичи, претставува некомерцијално издание кое во наредните недели ќе биде дистрибуирани низ основните училиште и училишни библиотеки низ државата.