Водителот Димитар од здебелено момче – до секси фраер!

442

Кој чека, ќе дочека! Димитар наеднаш доби на популрноста кај женската публика откако ослабна и од како почна да оди во вежбална. Си доби тоа што самиот си посакуваше….мускули!          

Македонскиот водител Димитар Атанасовски долго врeме меѓу нашите немажени Македонки важеше за многу посакувано момче. Но од како и тој рипна “во тавче“, во брак, со нашата популарна пејачка Сара Мејс, девојките сакале-неќеле престанале да му се додворуваат. Но, дали до толку ќе го бркале за да го имаат за момче, кога беше елегантно пополнет? Чисто се сомневаме во тоа.                                                          Димитар наеднаш доби на популрноста кај женската публика откако ослабна и од како почна да оди во вежбална. Си доби тоа што самиот си посакуваше….мускули, за восхит!

И оние стомачни, но и оние на рацете, градите и нозете. Од тогаш нема мира од девојките.  Но, срцето во меѓувреме му го освои само згодната Сара, која македонската публика ја препознава по хитот “Чекам да заврне“.

Денес тие живеат во среќен брак и имаат син (Кирил) и ќерка (Илина). Тој деновиве објави фотографии од пред и потоа на кои покажа како изгледал на 23-ти март пред една година, а еве како (згодно) изгледа денес.

„Нека стојат ова овде…Само за да се потсетам секогаш кога нема да ми се станува за одење на тренинг и кога ќе сакам да изедам пола маса…Процесот е долг и е секогаш потешкиот пат, ама полека, си ги покажува ефектите…И нормално, мора да веруваш во него, во успехот…“ – порача, сега веќе секси Димитар,  во објавата под фотографиите.                            Д.М. фото:Инстаграм