Водата од Билјанините извори на Охридското Езеро небезбедна за пиење, предупредија од Центарот за јавно здравје од Охрид.

– Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите покажаа присуство на патогени бактерии, па оттаму водата е биолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење – велат од Центарот за јавно здравје од Охрид.

Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, а од Центарот за јавно здравје посочуваат дека во континуитет се следи состојбата околу квалитетот на водата од Билјанини извори за што благовремено ќе биде известувана јавноста.