Познато е дека се препорачува да пиеме осум часови вода дневно. Доколку земете во предвид дека две третини од човековото тело е сочинето од вода, потребата за неа е јасна. Но, колку вода всушност треба да пиеме секој ден? Водата е неопходна за секоја клетка, ткиво или орган во телото и е потребна за да можеме максимално да функционираме. Тоа го вклучува мозокот, срцето, белите дробови, мускулите и кожата, дури и коските.

На нашето тело водата му е потребна за транспорт на хранливите материи, за регулација на телесната температура, создавање на телесни течности како крв и секрет, подмачкување на зглобовите, подмачкување на нашите органи и исфрлање на непотребните материи низ мокрачата, за работа на цревата, дишење и потење.

Колку течности дневно ни се потребни?

Најчесто ќе чуете препораки дека е потребно да се внесуваат два литри вода дневно. Водата навистина ни е потребна за бубрезите да функционираат нормално и за да не дехидрираме, но не е единствена течност која би требало да ја внесуваме. Иако би требало да избегнувате алкохол, како и засладени сокови, би требало да се пијат други течности, како на пример природни сокови од овошје и зеленчук.

Како да знаете дали сте внеле доволно вода?

Количината вода која некому му е потребна, зависи од градбата на телото, окружувањето во кое живее, но и климатските услови. Колку сте покрупни и поактивни, толку повеќе ви се потребни течности. Исто така, колку е потопло времето надвор, толку ви е потребно и повеќе вода.

Шест до осум чаши вода дневно може да ни помогне да ја подобриме концентрацијата, да го подигне нивото на енергија, да спречи главоболки и да помогне во детоксикација на организмот.

Создадете си навики редовно да пиете вода и не чекајте да почувствувате жед за да ја осигурате нормалната функција на мозокот.