Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

24

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе локации во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот 15.11.2021 до 19.11.2021 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Скопје.