Неодамна на гала-промоцијата на најновата песна „Има те“, која ја пее легендарната Тереза Кесовија, се појави и нејзината внука Мила, за која многумина велат дека личи на својата славна баба, но, за жал, не тргнала по нејзините естрадни чекори. Сепак, Мила се интересира за музиката и често на Тереза ѝ дава совети со кои би можела „бабич Тере“, како што внуката нагалено ја ословува, да смени нешто во своите песни за да ѝ се доближи и на најмладата публика. И не само во песните туку и во изгледот.
Така еднаш ја убеди бабата да се облече како панкерка. Тереза ја послуша внуката, која ја обожава, па како панкерка, со панкерска фризура и со панкерска облека, се појави неодамна на еден концерт, пеејќи некои свои песни во панкерска верзија. За сите присутни тоа беше вистински емотивен шок, а секако и за самата Мила, која дури не можела баба си да ја препознае со панкерскиот имиџ.

– Кога отидов зад сцената после нејзиниот настап, само ја штипнав за рамото, а таа остро рипна вртејќи се кон мене со прашањето:„Мила, што бараш ти тука“? А, јас уште повеќе поизненадена од неа и возвратив со контрапрашањето: „Јас? А, ти бабо панкерко, ти што бараш овде на овој панк-настан?“ Во секој случај и двете слатко се изнасмеавме и се изнагушкавме. Јас особено пресреќна што си имам таква позитивно откачена баба, на која годините не ѝ можат ама баш ништо, бидејќи не што е моја, туку таа изгледа добро како да има барем 30 години помалку“, раскажа Мила Кесовија, згодната внука на Тереза.     Д.М.