Внимателно возете: Денеска ќе бидат затворени неколку сообраќајници низ Скопје

69

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска во Скопје поради одржување на „Социо-еколошки форум Скопје 2021“, информира МВР.

„Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, се вели во информацијата од МВР.