Внимавајте, се снима: На автопатот Белград -Ниш демнат 56 камери

223

На автопатот Белград-Ниш од 15 октомври се поставени  56 камери на 14 портали,  кои во двата правци ќе ги снимаат возилата и ќе ја мерат просечната брзина на делниците долги од шест до 32 километри.

Целта на поставувањето на овие камери е зголемување на безбедноста на автопатот преку регулирање, следење и казнување на сите оние возачи кои во кој било момент ќе бидат снимани како возат над 130 километри на час, колку што е горното ограничување на овој автопат

Сега, камерите ќе можат со стопроцентна точност да ги снимат возилата при брзина од 250 километри на час.

Исто така ќе можат да се детектираат сите автомобили кои го користат автопатот, бидејќи има случаи возачите да го користат автопатот и потоа да ја разредат жицата и да излезат од него за да избегнат плаќање на патарина. Такви случаи на годишно ниво се повеќе од 10.000 возила, кои покрај прекршокот, ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Камерите се поставени на повеќе места на автопатот Е-75  и тоа: Ниш, Алексинац, Рудници, Појате, Параќин, Јагодина, Баточина, Марковац, Велика Плана, Смедерево, Водањ, Умчари, Мали Пожаревац, Врчин и Белград