Внимавајте на измами при купување дрва за огрев, апелира СВР Велес

43

Седумдесет годишен велешанец дал капар за огревни дрва, а дрвата не му биле донесени.

СВР Велес информира дека 70-годишен велешанец пријавил дека на 12 март годинава бил измамен од едно лице за сума од 5.000 денари. Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва по цена од 3.500 денари за кубен метар и му побарало капар од 5.000 денари, кои тој му ги дал, а дрвата сè уште не му биле донесени.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, изјави Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Тој апелира до граѓаните, особено до повозрасните лица, да бидат претпазливи во комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, во овој период претежно за дрва за огрев.

Самарџиев  им порачува да ги проверуваат податоците пред да станат жртва на измамата, да не даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи да ги пријавуваат во полиција.