Боранијата е мешункаст зеленчук кој содржи многу малку калории, или само 23 на 100 грама, но затоа има многу железо и други хранливи состојки (калиум, магнезиум, калциум…). Поради овие својства боранијата треба да биде почесто дел од вашата трпеза, како кај луѓето со добро здравје, а особено кај оние со анемија, покачен крвен притисок, висок холестерол и кај оние со дијабетес.
Ви предлагаме да подготвите еден одличен деликатесен рецепт за салата со боранија со ореви.
Потребни состојки:
- боранија (околу 400 грама)
- лук
- магдонос
- лимонов сок
- маслиново масло
- сол
- 100 грама ореви
Подготовка:
Исчистете ја боранијата, измијте ја и обарете ја во солена вода (не дозволувајте боранијата да се развари, добро е да остане малку крцкава).
Откако ќе ја обарите исцедете ја водата и оставете ја да се олади. Ставете ја во длабока чинија за салата. Насецкајте неколку чешниња лук и додадете ги во боранијата. Потоа додaдете ситно сецкан магдонос, лимонов сок, од еден лимон, масло и сол.
Оревите насецкајте ги на поситни парчиња и потпечете ги малку во тава. Тие ќе и дадат посилен вкус на салатата од боранија. Потоа ставете ги во салатата и добро промешајте.
Пријатен вкус!