ВМРО-ДПМНЕ: Стандардот на граѓаните тоне

73

Погрешните политики на СДСМ граѓаните најдобро ги чувствуваат на својот грб и својот џеб. Ветената плата од 500 евра се уште ја нема, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Се отвори спиралата на поскапување па сега граѓаните плаќаат поскапо гориво, поскап леб, поскапи намирници и општо поскапа потрошувачка кошница. Од ден во ден стандардот на граѓанинот тоне, додека власта се богати преку сомнителните тендери, доделувањето на концесии и непотистичките вработувања.

Растот на економијата во Македонија е убедливо најнизок во Европа и регионот, 70% граѓани земаат плата помала од просечната.

Над 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, над 140 илјади млади се сиромашни, 47,6%младите се невработени и над 70% млади сакаат да ја напуштат државата заради бесперспективност.

Сите овие поразителни бројки се резултат на погубните политики на Заев, Тевдовски и Анѓушев. СДСМ со своите манипулации може самиот себе да се лаже, ама реалноста во Македонија е црна и секој ден станува полоша.