Дома МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски дава пасоши на мафијаши, а пасоши нема за народот

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски дава пасоши на мафијаши, а пасоши нема за народот

43

МВР нема ни доволен број регистарски таблички, веќе неколку недели граѓаните не можат да дојдат до нови таблици.

Што прави Спасовски и зошто се чека и по месец дена за управните служби на МВР да почнат да функционираат нормално, прашува опозицијата.

Само во Македонија со Спасовски и Заев има пасоши за мафијаши и наркобосови, а нема за народот.

Пасоши имаше за Седат Пекер, Босовите на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, шефот на Италијанската мафија, борци на ИСИС и стотина белосветски криминалци, коментираат од најголемата опозициска партија.

Заев и Спасовски ги опремија сите криминалци со македонски патни исправи. Од Македонија имаат направено прибежиште за мафијаши, стои во партиското соопштение.