„Оливер Спасовски да се откаже од нето-платата од над 88.000 денари; Радмила Шекеринска да се откаже од нето-платата од над 80.000 денари; Мила Царовска да се откаже од нето плата над 73.000 денари; Рената Тренеска Дескоска од платата од над 73.000 денари; Никола Димитров од платата од над 72.000 денари; Дамјан Манчевски од над 70.000 денари плата и така натаму. Предлагаме сите 26 министри да се откажат од примањата кои се движат од 70.000 до 90.000 денари нето и да работат про боно. Ако СДСМ навистина сака да помогне тогаш целосно да се откажат од нивните приходи по основ на плата и хонорари, додека трае кризата со епидемијата на коронавирусот“, порача портпаролот Стоилковски.