ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени избори што поскоро

144

ВМРО-ДПМНЕ одамна бара предвремени парламентарни избори и тоа сегашната состојба поврзана со датумот за почеток на преговори со ЕУ апсолутно е само доказ дека треба што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори, изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски во врска со изјава на премиерот дека Владата ќе биде мртва ако не добиеме датум за преговори.

-Државата е заложник на кланот Заеви, на кланот на политичари кои извршуваат јавни функции, а притоа зад себе имаат скандали поврзани со лукративност и со висока корупција и криминал. Апсолутно оваа власт не е способна за спроведување на реформи, апсолутно оваа власт ја крахираше економијата во Република Македонија. Апсолутно се потребни предвремени избори за да дојде една влада кој ќе има кредибилитет за да може да ја поведе државата кон реформи и кон навистина подобар живот на граѓаните, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.