ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и СДСМ ја злоупотребија вонредната состојба

40

Пендаровски и СДСМ ја злоупотребија вонредната состојба, кога наместо да се грижи за здравјето на граѓаните владата распишуваше тендери за набавка на шкампи и школки и на ангро се штанцаа дозволи за производство на марихуана.

Власта ја злоупотреби вонредната состојба за поединци дебело да се нафатираат.

Наместо борба за здравјето на граѓаните, СДСМ се бореше за тендерите.

Во ек на вонредна состојба, се доделија и половина милион евра пари за невладини, директно од влада, а се поделија во изборен период. Злоупотреба до злоупотреба.

Да беа искрени СДСМ и да им беа важни граѓаните немаше да злоупотребуваат светска несреќа за богатење на поединци.

Македонија не може понатака со луѓе кои партискиот и личен интерес им се пред државниот.

И сега СДСМ продолжува со истото. Поголеми давачки, поскапа струја, само и само се удира по граѓанинот.

Повеќе за владата, помалку за народот. Народот нема за леб, а тие трпаат во џеб.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ