ВМРО-ДПМНЕ испрати писмо до Жбогар: Власта ќе постави подобни судии

101

ВМРО-ДПМНЕ вчера испратиле писмо до евросамбасадорот Самуел Жбогар каде го информираат дека во собраниската процедура е владиниот предлог-законот за Академија за судии со кој на прво место се ставаат дискрецијата, владината доминација и непотизмот, наместо квалитетот и мерит системот во правилата за полагање на приемните испити за Академијата.

„Со новиот владин предлог-Закон за Академија за идни судии и јавни обвинители на прво место се ставаат дискрецијата, владината доминација и непотизмот, наместо квалитетот и мерит системот во правилата за полагање на приемните испити за Академијата.

Веќе станува јасно дека има кандидати кои се привилегирани и по основ на непотизам и/или партиска подобност се веќе сигурни дека ќе го поминат испитот за влез во Академијата, како синот на Претседателот на еден суд, ќерката на една обвинителка од ОЈО, снаата на една сегашна функционерка од СДСМ во Собранието, синот на Претседателот на едно правосудно тело, внуката на поранешна пратеничка од СДСМ (сега вработена во СЈО), синот на еден висок државен функционер на ДУИ, блиска личност на генералниот секретар на владата, партиски адвокат од ОО на СДСМ од внатрешноста и други повластени кандидати за идни судии. Принципот на еднакви шанси при конкурирањето во Академијата е девалвиран.

За ова писмо очекуваме одговор од Амбасадорот Жбогар, а темата ќе ја искомуницираме и со ЕК во Брисел, вели Милошоски.