Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни „против“ предлогот на Комисијата за заразни болести за 58 часовен карантин за претстстојниот продолжен викенд во кој се празнуваат Рамазан Бајрам и Св. Кирил и Методиј“. Партијата во соопштението наведува дека е „нелогично да се најавува отворање на рестораните од вторник, а да се задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд“.

„ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е престрога мерката за целосен полициски час и за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам. На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права. Воедно со ваквите мерки, СДСМ свесно влегува во провоцирање на тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непосакувана улога. На овој начин СДСМ директно ја злоупотребува здравствената криза согласно дневно политичките потреби и си игра со чувствата на граѓаните“, стои во дописот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.