ВМРО-ДПМНЕ до 5 март ќе ги објави носителите на листи во Изборните единици

64

Имињата на носителите на изборните единици опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави во периодот од 1-5 март, рече на денешната прес конференција партискиот лидер, Христијан Мицкоски. Како што информираше тој, имињата на останатите пратенички кандидати ќе се знаат до 10 март.

„Ќе има најголем дел луѓе кои за првпат би се нашле на пратенички листи, но ќе има и такви чиешто искуство е потребно во рамките на пристојно функционирање во Парламентот“, рече Мицкоски.