Влатко Миладиновски сними музички спот во Еврејско маало во Битола

85

Влатко Миладиновски е еден од најпопуларните фолк пејачи во Македонија, а секако и во македонската дијаспора. Тој и во ова време на пандемијата работи турбо, снима нови песни кои се поткрeпени и со видео спотови. Но за промена овојпат, снимаше спот за една малку подзаборавена македонска песна насловена како “Девојче Еврејче“. Песната ја има преработено со својот брат Златко.                                          Во самиот спотот освен Влатко се појавува и една згодна девојка по име Теодора која е воедно и модел од модното студио “Шанел“ од Битола. Интересни се и локациите на кои се снимаше спотот. Тоа е старата Битолска чаршија, како и Еврејско маало во Битола. Спотот го сними ИН продукцијата. Промоцијата е планирана да се направи и за новинарите кои исто така очекуваат дружба во живо со популарниот македонски пејач. Се разбира доколку короната дозволи. (Д.М.)