Еден од познатите, но би рекле и омилените македонски фудбалери кој со славата се стекна играјќи фудбал и во странство, Влатко Гроздановски, деновиве не само што го славеше својот 37. роденден, туку тој емотивно го одбележал и првиот роденден на својата ќеркичка
-Пред една година, на овој ден, во 11:25 часот на свет дојде едно мало девојченце. Од тој час и ден мојот живот повеќе не беше ист. Денес, на истото место каде што се роди го славиме твојот прв роденден, а мојот 37. Ти посакувам здравје, љубов и среќа, татичко. Ти си мојата гордост, среќа, љубов и радост. Ти си најголемиот борец на светот. Среќен прв роденден, моја МИЛА ќерко. Те сака најмногу тато, напишал Влатко. Кон двојната роденденска среќа се придружи и сопругата на Влатко, убавата поранешна манекенка Христина, која исто така остави емотивен коментар:

– Најсреќен роденден најмило мое девојче, да си ми жива и здрава, ти ја посакувам целата среќа на овој свет!
Ти благодарам што ми ја даде смислата во животот, ти благодарам што веќе една цела година ме радуваш со тие очиња и насмевка што љубов зрачат.
И за денот да биде уште посреќен, најсреќен роденден и на тато, нашиот Влатко. Да си ни жив и здрав, да нè чуваш и бидеш покрај нас секогаш, а ние ќе те правиме тебе најсреќен….
Инаку, Влатко за ВЕЧЕР ни кажа дека завршил со својата професионална фудбалска кариера, дека доста му беше, дека доволно е за неговите години. Сега е само тренер, кој најмногу е посветен на својот семеен живот.
Д.М. фото:ФБ