За време на пандемијата на коронавирусот во Париз, беа изградени стотици километри велосипедски патеки. Градоначалничката Ен Идалго минатата година доби нов мандат врз основа на нејзината платформа да создаде „15-минутен град“, што значи да им се олесни на граѓаните да одат во продавници, училишта и слично и да пристигнат на дестинациите за 15 минути, пеш или со велосипед

 

Властите во Париз имаат намера драстично да го намалат сообраќајот во центарот на градот до 2022 година, поточно во четири градски области. Тие веќе го претставија новиот план кој сигурно ќе помогне да се растерети движењето во Градот на светлината.

Според планот, сообраќајот ќе биде забранет во четирите централни области во градот, со приоритет на велосипедистите, пешаците и јавниот превоз. Зона со мал сообраќај би резултирала во помалку загаден, позелен, потивок и побезбеден град, тврди градскиот совет.

За време на пандемијата на коронавирусот во Париз, беа изградени стотици километри велосипедски патеки. Градоначалничката Ен Идалго минатата година доби нов мандат врз основа на нејзината платформа да создаде „15-минутен град“, што значи да им се олесни на граѓаните да одат во продавници, училишта и слично и да пристигнат на дестинациите за 15 минути, пеш или со велосипед.

Со овој план, Париз ги следи потезите на Рим, Мадрид и Нант, кои успеаја да ги направат некои делови од градот пешачка зона.

Сепак, жителите, локалните дилери, такси-возилата и луѓето со намалена подвижност сепак ќе можат да ги користат возилата, така што всушност не се работи за целосна забрана за сообраќај.

Оваа година ќе се дискутира за тоа на кого се ќе му биде дозволено со возила да влегуваат во пешачката зона.

Драстичното намалување на сообраќајот во централното градско подрачје всушност треба да го следат сите поголеми градови во Европа, со оглед дека тој е и еден од најгорливите проблеми кои влијаат на загадување.

Како и да е, Париз секако е еден од градовите во Европа кои имаат најголем број на туристи, па ваков план е за поздравување.