Дома МАКЕДОНИЈА Власта и опозицијата ги почнуваат разговорите за иднината на СЈО

Власта и опозицијата ги почнуваат разговорите за иднината на СЈО

66

Работните групи кои беа формирани според договорот од последната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска треба да се состанат во обид да се изнајде заедничко решение околу предлог законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО.

Според најавите, работните групи на власта ќе ги предводат министерката за правда Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски, а на опозицијата адвокатот Тони Менкиновски.