Владо и Вера на врвот на хрватската естрада

274

Популарниот македонски поп пејач Владо Јаневски деновиве на хрватската естрада и во хрватските медиуми ја промовира својата најнова песна “Од кад си његова“, која е испеана на хрватски јазик… и која сигурно чекори кон самиот врв на популарноста. Но, Владо таму не е сам туку е со Вера Мештеровиќ, нашата прва Мис на Македонија, која се појавува во неговиот видеоспот.
– Затоа е логично Вера да е со мене во Хрватска, со мене и гостува во телевизиските емисии, па ништо чудно што и нивните новинари ја измислиле приказната дека јас и Вера сме во некоја врска, а тоа нема врска, вели расположениот Јаневски.
И Вера е воодушевена од гостувањата на хрватските телевизии и ја поддржува во секој поглед својата соработка со најпопуларниот македонски поп-пејач.
– На хрватските новинари ништо не им забележувам, сите тие приказни-пикантерии одат во прилог на популарноста на оваа убава песна, констатирала нашата убавица. Д.М.