„Господа, на границата ми беше врачено решение ЗА ЗАБРАНА НА ВЛЕЗ ВО ЦРНА ГОРА! Причината е поради националната и внатрешната безбедност! Ете, не знам што повеќе да додадам. Ова е дно. Нека ви биде на здравје и на образот. На здравје! Напијте се нешто, веселете се“ – напиша популарниот пејач Владо Георгиев откако неговите Црногорци(по потекло е од Херцег Нови) не му дозволиле да влезе во родната земја, а се поради заштита од коронавирусот.

Но, Владо имаше навистина голема причина заради која сакал да оди во Црна Гора. Тој требаше да ја посети неговата мајка, која е неподвижна и која е во болница, откако и била направена операција на колкот.Сепак, забраната која важи за секој кој од Србија влегува во Црна Гора бидејќи се работи за високо ризична земја по здравјето на жителите на Црна Гора, важи без исклучок за сите, па така и за Владо Георгиев.  Д.М.