Владиниот авион со кој премиерт Зоран Заев денеска полета од аеродромот Скопје, за утре и задутре да учествува на годинашниот Самит во Солун, кој е под покровителство на грчкиот претседател Прокопиус Павлопулос, повторно се врати и како што дознава весникот ВЕЧЕР од извори од скопскиот аеродром принудно слетал во Скопје.

Од Владата за весникот ВЕЧЕР го поврдија настанот и најавија повеќе информации подоцна.

Заев, како што претходно соопшти владината прес-служба, на самитот е поканет заедно со премиерите на Грција и на Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”.