Влада: Со 14,9 милиони денари ќе се финансираат повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници

56

Со 14,9 милиони денари ќе се финансираат повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници во Крива Паланка, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Ранковце, Делчево и Шуто Оризари.

Прес-службата на Владата вечерва соопшти дека на предлог на Министерството за транспорт и врски денеска е донесена одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.На денешната владина седница е донесена и одлука за намалување на увозните давачки на одделни производи потребни за производство на технолошко напредни производи. Намалувањето ќе важи до 30 јуни следната година.– Намалувањето на увозните давачки е на нивото на царинските стапки на Европската унија со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи, велат од Владата.