Влада: Продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за уште два месеца

27

Владата на Република Северна Македонија на деветата редовна седница, која се одржа синоќа преку видео-конференциска интернет комуникација ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје за февруари и март 2022 година со која е продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за уште два месеца.-Согласно ова, донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година, соопштија од владината прес-служба.Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, според правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, стои во соопштението.