Владата ќе бара автентично толкување од собранието за помилувањата на Иванов

74

Министерката за правда Рената Дескоска најави дека ќе побара од Владата да побара Собранието да спроведе автентично толкување на членот 11-а од Законот за амнестија откако Уставниот суд покрена иницијатива за преиспитување на овој член според кој Претседателот на државата може да ја отповика дадената амнестија. Иницијативата на петмината уставни судии е сосем спротивна и со неа се тврди дека дадената амнестија не може да се отповика.

Министерката Дескоска изјави дека автентично толкување може да побара и било кој пратеник со што би се забрзала постапката.