Владата повторно со повик до хотелите за државни карантини

96
Владата повторно со јавен повик за изразување интерес за хотелите во државата кои имаат над 50 легла, за потребите на формирање државни карантини за справување со коронавирусот. Од Владата информираа дека повторно објавуваат јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.
-Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден. Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот, стои во соопштението од Владата. 

Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 29 март (недела) до 12:00 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: gs@gs.gov.mk. Јавниот повик на веб страницата на Владата е на следниот линк: https://vlada.mk/node/20749