Владата на Курц го поддржува Западен Балкан во ЕУ

35

Новата австриска Влада на канцеларот Себастијан Курц бара јасна перспектива на пристапувањето во ЕУ за земјите од Западен Балкан и го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во програмата на Владата, во која Танјуг имал увид, во делот кој се однесува на „проширување и надворешни работи на ЕУ”, со напомена дека е неопходна заедничка надворешна политика „со единствен глас”, се истакнува дека треба да бидат отворени пристапни преговори без одложување, односно треба да напредува кога една земја ќе ги исполни одредените критериуми, а размислувањата за нова методологија не смеат да го спречат тој процес.

Австрија, како што се наведува, се изјаснува за брз почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Исто така се додава дека Австрија и понатаму активно ќе ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат, вклучувајќи го и решавањето на билатералните конфликти.