Владата на Кувајт поднесе оставка поради судир со парламентот

33

Кувајтскиот премиер Шеик Ахмад Наваф ал-Сабах денеска му поднесе оставка на престолонаследникот поради конфликтот меѓу владата и парламентот.

Престолонаследникот шеик Мешаал ал-Ахмад ал-Сабах, кој ги презеде повеќето должности на емирот, минатата година го назначи Ал Сабах за премиер и распиша предвремени парламентарни избори по распуштањето на претходниот парламент за да се стави крај на расправијата што ги попречуваше фискалните реформи, пренесуваат британските медиуми.

Неодамна повторно се разгореа тензиите меѓу парламентот и владата, чии членови положија заклетва во октомври минатата година, додека пратениците бараа нацрт-закон за отпишување на долгот со кој државата ќе купува лични заеми од кувајтски граѓани и се обидоа да испрашуваат двајца министри.