Владата го повлече Законот за јавно обвинителство

3918

По неколкучасовно одлагање на седницата, Владата го повлече предлог-законот за Јавното обвинителство во скратена постапка, потврдуваат за Вечер, собраниски извори.

Собраниската седница за законот за Јавно обвинителство, беше закажана за попладнево во 17 часот, но таа не почна.

Во текот на наредните денови најверојатно ќе се подготвува финална верзија на Предлог-законот за Јавно обвинителство.