Владата го одобри текстот за гаранција за набавка на вакцини преку Ковакс

40

Владата го разгледа и усвои текстот на гаранцијата усогласен помеѓу Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE) како корисник на гаранцијата и Комерцијална банка за финансиската гаранција на износ од 7.457.140 американски долари за набавка на вакцини преку Ковакс системот, и го овласти министерот за здравство, д-р Венко Филипче во име на Владата на Република Северна Mакедонија да го потпише текстот на гаранцијата.

Со заклучок по информацијата, Владата го разгледа и го прифати текстот на Договорот за издавање на девизна платива гаранција со својство на извршна исправа што треба да биде склучен помеѓу Владата на Република Северна Mакедонија и Комерцијална банка заради обезбедување на финансиската гаранција и го овласти министерот за здравство, д-р Венко Филипче од име на Владата на Република Северна Mакедонија да го потпише овој Договор.