Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

158
Инфективна, кај заболените од Ковид-19, фото:Ѕ.Плавевски
Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години од Куманово и пациентка од Скопје на 68 години.
Пациентот е починат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се лекувал од 30 мај, а пациентката во ГОБ „8 Септември“ која била хоспитализирана на 29 мај.
Според информациите што ги објави попладнево Министерството за здравство, најмногу нови случаи повторно се регистрирани во Скопје – 109, потоа во Куманово – 26, Штип – 15, Тетово – 12, Гостивар – 8, Гевгелија – 2 и по еден нов случај има во Дебар, Струга, Велес, Битола, Валандово, Свети Николе и Неготино.
Во изминатите 24 часа направени се 1.272 теста.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти и тоа шест во Скопје, четири во Велес и едно во Прилеп.
Од почетокот на епидемијата вкупната бројка на дијагностицирани пациенти се искачи на 2.790, а на оздравени пациенти 1.632. Починати се 149 заболени, а во моментот активни се 1.009 лица.
Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1158, активни 552
• Куманово 526, активни 110
• Дебар 52, активни 1
• Штип 142, активни 104
• Прилеп 217, активни 31
• Тетово 257, активни 100
• Струга 91, активни 19
• Велес 138, активни 28
• Битола 29, активни 3
• Охрид 25, активни 8
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 41, активни 20
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 3
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 3
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 14, активни 5 (8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 16 теста се во рамки на скринингот во градинките во Штип и нема позитивни резултати.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.