Виљареал го отпушти Каљеха

48

Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш, Виљареал, му додели отказ на тренерот Хавиер Каљеха. Четириесет и двегодишниот фудбалски стручњак го предводеше Виљареал уште од сезоната 2017/18. На 10 декември 2018 тој поднесе оставка, но се врати по месец и половина – на 29 јануари 2019 година.

Под водство на Каљеха, Виљареал има забележано 57 победи, 30 реми и 44 порази. Во сезоната 2019/20, екипата заврши на петтото место и обезбеди учество во Лигата на Европа. Според шпанскиот печат, Каљеха ќе го замени Унаи Емери кој беше отпуштен од Арсенал во ноември минатата година.